Новогодишните и божиќните празници се ближат, а познати личности ги украсуваат своите домови и ги китат своите елки.
Некои се уште бараат идеја за што посоврешено и поуникатно да изгледа нивната декорација во новата година, а една од нив беше и водителката на „Брза кујна“ Сања Савевска.
Водителката вниманието го привлече со нејзиниот избор за новогодишна елка која најверојатно ќе остане само идеја.
Покрај тоа што е природна е навистина и преслатка. Како што можете да видите на нејзината кратка приказна од тоа што го сподели пред следбениците таа има посебен шарм и е направена од кученца.
Веројатно зашто Сања и самата е голем љубител на домашни миленици, особено на кученца, каков што е нејзиниот мал бишон, женката по име Маша. Зашто како што вели и самата водителка, таа е навистина подобра од многу луѓе!
Токму затоа Сања Савевска вака ја замислува својата елка: „Мојата совршена новогодишна елка“ – пишува на фотографијата која ја споделила.
Елката како новогодишен симбол секогаш е различна, па каква и да е најважно е да биде уникатна, а токму таква одбра и Сања. Но засега само виртуелна. Ама затоа нејзината љубов кон животните, особено кучињата е многу конкретна и реална!
фото: printscreen/instagram/sanja_saveska