Таа дефинитивно важи дефинитивно една од најубавите Македонки. Верица Донев јавноста ја познава како модел, а до неодамна и од улогата на водителка на македонското талент шоу „Пат до ѕвездите“!
Сепак основна професија и е работата како маркетинг агент во „Колор медиа плус“ („Убавина и здравје“).
Тој медиумски по својот лик речиси не е воопшто експониран, но затоа неговиот потпис и тоа како е препознатлив по мноштвото видеоспотови, особено на помладите музички ѕвезди од новата генерација како „2Бона“, Пајак, Таско, Тракер, па и Антониа Гиговска или Тамара Тодевска и многу други…
Продуцент и режисер, и косопственик на „Урбан рекордс“, името на Гордан Божиновски стана синоним за квалитетно, модерно, трендовско, урбано музичко видео, па зад неговото име се кријат видеоклиповите за познатите хитови како „Бела“ на Пајак и Лара Иванова, „Хабиби“ на Антониа Гиговска и Пајак, , „Порок“ на Тамара, „100 позива“ на Таско и Лина Пејовска, „Психо“ на Пајак и Таско, „Фуего“ на 2Бона, Таско и Тракер, „Сафир“ на Таско и Малена… и листата е подолга!
Урбаните градски муабети велат дека токму на снимањето на еден од видеоспотовите кои ги режирал Гордан, Верица како модел била ангажирана во приказната, каде што паѓаат „првите љубовни искри“ меѓу нив двајцата.
Подоцна искрите пламнуваат во љубовен оган, кој откако ќе се разгори, резултира со блажена состојба на идната невеста.
View this post on Instagram
Свадбената веселба ќе се случи на почетокот на 2024-тата, во периодот помеѓу Нова Година и Василица, а на неа покрај невестата, младоженецот и блиската родбина и (речиси) сите трап ѕвезди од продукцијата… од Таско и Тракер, до Пајак и ортакот, продуцентот и аранжер Иван Јованов – Ивајо!
Свадбата вистинска македонска, невестата од лична – полична, а како и не би била, кога животот ти носи само среќа… И нов живот!
Во почеткот на март „штркот ќе слета во семејното гнездо“ на Верица и Гордан кои за прв пат ќе се остварат како родители, откако на свет ќе дојде малиот принц, а синчето ќе го добире името Карло. Но среќата за кусо ќе биде неизвесна, откако бебето ќе се соочи со здравствени проблеми.
View this post on Instagram
„Нашиот мал борец, по 10 дена на интензивна нега си доаѓа дома. Карло се роди на почеток на 9ти месец, но беше мало бебенце од само 1780гр. Сега е спремен да си оди дома со мама и тато.
Уште еднаш ви се извинувам што не кренав и не вратив на никој, ми требаа денови да ми се стабилизира високиот крвен притисок.
За крај , една најголема благодарност до М-р Д-р Александар Бојаџиев, еден од најдобрите доктори кој што секогаш беше тука за мене , со години наназад. Благодарение на тебе си одиме дома како тричлено семејство“ – споделила среќната мајка покрај семејните фотографии направени при заминување од клиниката.
За среќа, по десет дена минати на интензивна нега во една позната приватна скопска клиника, каде Верица и се породила, малечкиот борец со неговите родители си од жив и здрав дома. Нека е жив и здрав!
Фото: Инстаграм/b.gordan/vericcadonev