Ријана во Менхетен го привлече вниманието на папараците со изборот на обувки кои личат само на чорапи и ништо повеќе од тоа.
Нејзините чевли се од „Bottega Veneta“, и се плетена памучна чизмичка која имитира изглед на дебели зимски чорапи. Оваа чизмичка, наречена „ Domenica boot “, е изработена од памук и нема постава, а памучниот материјал овозможува различни опции за стилизирање.
Чизмите првпат беа претставени на ревијата на брендот за есен 2023 година, под креативно раководство на „Matthieu Blazy“, а чинат 890 евра.
Таканаречените „грди чевли“ станаа неочекувано популарни, речиси до тој степен што ретко кој веќе може да не изненади со изборот на овие обувки. Ријана е само една од многуте познати личности кои со своите необични стилови, ја направија оваа мода „нормална“.
фото: Instagram printscreen/ FashionBombTV/ badgalriri