„Вардар е Стикс“ е насловот на новата песна на култната македонска група „Мизар“ која деновиве с појави на на дигиталните платформи, во чии стихови македонскиот речен симбол е спореден со митската река од подземниот свет.

Река која се наоѓа на границата меѓу земјата и подземјето. Го обиколува Ад – подземниот свет, девет или дваесет пати, во зависност од изворот или митот. Реката Стикс, заедно со реките Флегатон, Ахерон и Кокит, се влева во големo мочуриште во центарот на Ад. Според Херодот, Стикс извирала во близина на Фенеј кај Коринт.

Реката Стикс, заедно со реките – Флегетон, Ахеронт и Кокитус, се влеваат во големо мочуриште во самото средиште на Адовиот подземен свет. Грчко име на реката Стикс доаѓа од зборовите στυγέω, stygéô што се поистоветуваат со омраза.

Музиката на новата песна на „Мизар“ е на гитаристот Горазд Чаповски, а аранжманот го работеа Чаповски и Нико Ѓорѓиевски кој го напиша и текстот и е продуцент на песната.

Легендарниот бенд за песната сними и видеоспот за потребите на музичката емсија „Хитмејкер“, кој е во режија на Александар Ристовски-Принц, кој свири како член на групата во нејзината последна постава.

Покреј него членови на бендот се Гораст Чаповски, Илија Стојановски, Пеце Китановски, Нико Ѓоргиевски, Драган Теодосиев и Оливер Петровски.

Како звучи новото парче музика на „Мизар“ и како изгледа визуелизацијата за „Вардар е Стикс“, проследете од видеото во продолжение…







