Радио Милева пресреќна

Милица Тодоровиќ едвај чека да стане мајка и наголемо се подготвува

Милица Тодоровиќ едвај чека да стане мајка и наголемо се подготвува

Пејачката Милица Тодоровиќ, која е во друга состојба, почнала да ја средува собата за бебето во својот стан во Нов Белград.

Имено, по два месеци врска, пејачката останала бремена, а кога дознала за среќната вест, решила да се повлече од јавноста и поголемиот дел од времето да го помине со семејството во Крушевац.

Милица повремено доаѓа во Белград, каде што почнала да се подготвува за доаѓањето на бебето. Прво почнала со средување на собата.

– Миле е најсреќната жена на светот. Ужива во својата блажена состојба и е многу активна бремена жена. Наголемо гледа многу работи за бебиња и се грижи и за исхраната и за сите детали поврзани со бременоста. Повеќе не ја интересираат социјалните мрежи, туку се консултира со колешки кои се оствариле во оваа улога. Сега избира мебел за собата на бебето, тапети, играчки, кади, столче и простор за пресоблекување за детето. Таа сака да создаде вистински мал детски рај во својот стан – вели една од колешките на Милица и додава:

– Сите сме среќни за неа и постојано ѝ испраќаме фотографии од бебиња. Што да ви кажам, тоа не ви ја симнува насмевката од лицето. Пресреќна е. Со оглед на тоа што е таква, веруваме дека бебето ќе ѝ биде вистинска радост – заклучува таа за Курир.рс

фото:Instagram printscreen/milicatodorovicofficial

To top