Дека познатата водителка Милена Антовска сака да пее, тоа е веќе познато од поодамна. Доказ за истото е што неретко се случува Милена да запее низ разговорите кои ги води со пејачите што и се на гости во утринската програма „Здраво Македонијо“.
Вчерашната емисија исто така беше со музички обид на водителката, ама овој пат истиот не беше пејачки, туку свирачки – Милена имаше обид да засвири на селски тапан.

Гостинка во студиото беше тапанџиката Тијана Илова од Кавадарци, а Милена иако со изразено љубопитство да се проба како тапанџика, во последен момент се предомисли.
-Не, не, кај пејам со сите пејачи што доаѓаат, уште ако тропнам на тапан, толку. Брат ми е тапанар, така да … не, ќе ми се налути, не. Готово, толку.
View this post on Instagram
Инаку, постариот брат на Милена, тапанарот Благоја Антовски, важи за еден од најдобрите тапанари во земјава. Тој години наназад настапува во бендот на Каролина Гочева, а од пред извесен период стана дел од од составот музичари на Владо Георгиев.

Од почит кон инструментот и професијата на брата си, Милна реши да не продолжи со обидот како на шега, особено не пред камери зашто не сакаше да го навреди или налути бато.
фото:Instagram printscreen/milena_antovska



