Радио Милева заводлива

Милена Антовска провоцира со најновата објава: Водителката облече фустан со „смел“ шлиц

Милена Антовска провоцира со најновата објава: Водителката облече фустан со „смел“ шлиц

ТВ водителката Милена Антовска Станковска, позната по своите долги нозе и храбриот стил на облекување, повторно го привлече вниманието. Таа со новото, заводливо издание пред своите следбеници даде уште еден доказ за стилот со кој ја плени јавноста.

Во најновите видеа и фотографии кои ги сподели на Инстаграм, Милена едноставно плени со својата елеганција. Во студиото, водителката  носеше бел тесен фустан со светки, кој исклучително ја нагласи нејзината витка фигура.

Но, она што особено привлече внимание и ги привлече погледите на сите беше модниот детаљ – висок и смел шлиц што овозможи фустанот да открие дел од нејзините долги и грациозни нозе.

А , секако овој шлиц не беше само моден акцент, туку израз на заводливоста што Милена ја носи како дел од својот имиџ.

Како што е познато, Милена со години внимателно го негува својот изглед, а зад нејзината успешна кариера стои и љубовта со сопругот Гордан, со кого има две ќерки – Лана Марија и Јоана.

Foto: print screen/Instagram/milena_antovska

To top