Изминатиот викенд повеќето од нашите познати Македонки беа дел од еден настан за убавина каде беа презентирани најновите козметички препарати од разни брендови.
А за припадничките на понежниот пол ова беше прилика да се дружат и да добијат примероци кои подоцна би станале дел од нивната палета на производи за разубавување кои ги користат.

Меѓу повеќето присутни беше и ТВ водителката Милена Антовска Станковска која за оваа прилика се одлучила да облече една модерна, но храбра варијанта од свилено црно- бело комплетче од кошула и панталони кои така споени делуваат налик пижами.
Арно ама, на Милена ова и се допадна како спој, па откако забележа едно огледало со испишана порака „мој стил, мои правила“, позираше пред него пронајдена во напишаното.

Се допаднало некому или не, сеедно, Милена јасно сугерираше дека моменталното чувство е примарното кое би требало да не води!
фото:Instagram printscreen/milena_antovska




