Македонската инфлуенсерка Миа Костова заедно со синот Андрија и нејзината интимна пријателка Тијана Скулиќ замина на патување за кое неодамна откри дека ќе трае околу две недели.
Нејзиниот нотес веќе е пополнет со повеќе дестинации за летото, а Италија , Грција Турција, Санторини се само дел од планираните далечини.
Сепак, сега утринското кафе го испи покрај песочните плажи во Сплит, Хрватска, со големо уживање и во одлично расположение.
Она што привлече големо внимание кај сите до еден беше погледот од нејзината соба, а како што кажа, нејзината пријателкаи таа веќе посакуваат таму да живеат.
Подоцна следуваше и раскошната убавина од прозорецот на апартманот каде што е сместена па несебично ја сподели и неа со следбениците на споменатата мрежа.
– Соба со поглед – стоеше на кратката приказна.
Миа одговори и на неколку прашања од нејзините обожаватели на социјалната мрежа Инстагарам, каде на еден нов пак му откри на што се должат нејзините прекрасни патувања.
– Сакав да те прашам што работиш ти, што е твојата кариера ?
– Ништо не работам. Имам среќа – јасна беше Миа која се труди да го долови секој момент од приватниот живот и да го сподели со јавноста како и овој пат.
Секако работата за неа претставува чисто задоволство кое ја прави среќна, а дека во тоа знае и да ужива покажа и сега.
Фото: printskrin/instagram/miandrija