Радио Милева Шок сцена - со повод...

Миа Костова остана подзината, нејзината интимна пријателка Тијана доби машки бакнеж в уста!

Миа Костова остана подзината, нејзината интимна пријателка Тијана доби машки бакнеж в уста!

Не е тајна дека највлијателната македонска инфлуенсерка и екс ТВ водителка Миа Костова живее заедно со својата интимна пријателка Тијана Скулиќ. Двете се неразделни и ден и ноќ, зашто близината има таква моќ да ви го разубави животот до таа мерка да изгледате дека блескате дури и кога ви е паднат „мрак на очи“!

Или како што би рекла самата Тијана: „Затвори ги очите и остави зборот да наслика илјада слики. Една добра девојка е повредна од илјада ‘кучки’ “! И не дека нема право… Особено ако кучките се неверни!

А верноста и довербата постојано се докажуваат и ставаат на испит. Тешко се стекнуваат, а се губат за миг… Еднаш изгубена, верноста станува безвредна, ништожна, како никогаш да не била.

Е, токму тоа ја загрижи Миа Костова откако доживеа шок пред свои очи. А како и не би останала подзината како на фотографијата, кога пред неа, нејзината интимна пријателка Тијана доби машки бакнеж в уста…

Впрочем, поинаку и не можеше да биде зашто на „модниот гуру“ Сегеј Варошлија веројатно „ќе му пукнеше душата“ ако не ја бакнеше славеничката, која речиси „ја залапа“, честитајќи и го роденденот. На дамите не им се бројат годините, може само бакнежите и честитките…

А Тијана ги доби во изобилство, па другиот ден додека се „рефрешираше“ во природа од бурната роденденска ноќ, во својата Инстаграм стори објава им беше повеќе од благодарна на сите што и ги разубавија и денот и вечерта.

Патем, таа нјави уште еден роденден со уште поголем повод, ама што е во прашање, нека остане лично од неа да го дознаете…

Фото/видео: Инстаграм/tijanaskulicc

 

 

To top