Радио Милева љубовни разочарувања

„Ми беше тешко да пеам“: Снеки проговори за бракот и болниот развод 

„Ми беше тешко да пеам“: Снеки проговори за бракот и болниот развод 

Пејачката Снежана Бабиќ Снеки во емисијата „4 ипол жени“ откри дека периодот на развод бил многу болен за неа и дека дури и се одразил на нејзиното здравје.

Иако со години ја чува приватноста за себе, Снеки призна дека имало љубовни разочарувања во нејзиниот живот, а зборувала и за развод.

– Тогаш ми беше многу тешко да пеам. Имав болен период кој влијаеше на моето здравје и морав да работам. Беше доволно тешко. Седум години бев во брак, официјално девет – изјавила пејачката.

Снеки раскажала каков и бил животот кога била во брак.

– Тогаш живеев и во Хамбург и во Белград. Кај мене имаше таков систем на тековно живеење што дојдов во Србија, па заминав во Германија… За мене тоа беше период на добар живот и апсолутно стојам на тоа. Не би зборувала за повеќе детали бидејќи тоа не е во описот на моите посакувања – заклучи Снеки.

фото: printscreen/Instagram

Можеби ќе ви се допадне

To top