Радио Милева здравјето пред се'

Мелита откри зошто по 18 години се откажа од работата како водителка: „Почнав да плукам крв…!“ (видео)

Мелита откри зошто по 18 години се откажа од работата како водителка: „Почнав да плукам крв…!“ (видео)

Мелита Ракичевиќ во мениумските написи скоро секогаш  сега е потпишана со префиксот поранешна водителка, бидејќи повеќе од деценија ипол медиумската работа ја направи една од попопуларните телевизиски ликови кај нас.

Денес актуелна како трендсетерка, Мелита е редовно активна на социјалните мрежи каде пред очите на јавноста го „сервира“ својот луксузен и префинет начин и стил на живот.

Многумина коментираат и го делат мислењето дека оваа Мелита од денес е доста поразлична од онаа што ја знаевме во емисијата „Пет шоу“ по кое стана препознатлива, па и она кога го водеше тогашното шоу „Експлозив“ на некогашната А1 телезизија.

Изненадување беше тоа што Мелита повторно застана пред камери, не од мобилен, туку оние пред кои стекна искуство и километража – телевизиските во студио.

Неодамна Мелита беше гостинка во утринската на Kанал 5 телевизија кај Милена Антовска Станковска и зборуваше токму за тоа која била причината што се откажа од медиумската работа, односно дека здравјето тогаш, па и сега решила да го стави како приоритет.

-За мене телевизијата беше втор дом. Инаку јас зошто се повлеков од телевизијата можеби тоа беше едно од оние главни прашања кое го сите го поставуваа. Од здравствени причини… Јас доби вирус кој што во тоа време беше нешто слично како короната. Господинот Докиќ беше човекот кој што ми го спаси животот и ми рече веќе стрес и таков начин на живот, под таков силен притисок е невозможен, бидејќи буквално за три дена значи јас плукав крв многу. Ниту никогаш во животот сум пушела, ниту сум имала некој здравствен проблем ниту на плуќата, но тогаш тоа се случи веројатно од континуиран и гоелм стрес. Долги 18 години бев на медиуми, работев во живо, знаете како е огромен притисок и едноставно морав да го смирам животот и така.

Активна или пасивна како медиумска личност, Мелита никогаш не стана лик кој јавноста го заборави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 💎MELITA 💎🇲🇰 (@melitameli)

Напротив, секогаш присутна, па макар тоа било како трендсетерка, инфлуенсерка, да продава расни кучиња и мачки или она што нејзе во даден момент и одговара и е најважно – да си се сака себе си!

фото:Instagram printscreen/ melitameli/ You Tube/ kanal5televizija

To top