И покрај нејзиниот неспорен талент, натпреварувачката Мелиса Зијадиќ од прилепско Лажани повторно доби критики од жирито по настапот кој и обезбеди пласман во четвртфиналето.
Иако заслужено доби шест гласа, Мили и забележа дека е здодевна, а за „Гранд онлајн“ Мелиса откри дали ја погодиле коментарите.
View this post on Instagram
– Како што рече Мили, уште ми недостига да се опуштам. Немам страв од сцената, но срамежлива сум, вистина е тоа што го кажува Мили, но ќе се обидам колку што можам да го поправам, ако воопшто е можно – рекла Мелиса, која се согласила со изјавата на Снежана дека е исто така мирна личност приватно.
Со оглед на тоа дека во следната рунда ќе се бори за полуфинале, кажа и какви се нејзините планови за следната борба.
– Тоа ќе го видиме со Цеца. Секогаш ми ги кажува најубавите работи, буквално од првиот ден кога се запознавме и јас и благодарам за тоа. Ништо не ми пречи – искрена е Зијадиќ.
View this post on Instagram
Кандидатката на Цеца признава дека никогаш не е целосно задоволна од својот настап.
– Сама си наоѓам мана – вели Македонката која е импресионирана што ја споредуваат со Драгана Мирковиќ.
View this post on Instagram
За потсетување, во четвртфинале покрај Мелиса се натпреваруваат уште тројца македонски кандидати: Андријана Петрушовска, омар Џафероски и Мики Секуловски.
фото:Instagram printscreen/ melisazijadic