Сопственик на пекара во Соединетите Американски Држави неодамна откри во подкастот „Само во Америка“ како дошол до идејата еден од своите производи да го именува по една од најголемите музички ѕвезди од Балканот – Лепа Брена.
Во интервјуто, тој зборуваше за својот живот и бизнис во Америка, како и за предизвиците и придобивките од тоа да се биде дијаспора. Еден од најинтересните детали беше лебот што го носи името на народната пејачка Лепа Брена.
„Ние го продаваме нашиот леб во Америка и се вика „Лепа Брена“. Татко ми се сети дека порано имало приказна за тоа во Македонија, па затоа решивме да ја искористиме таа идеја и да ја реализираме. Дури и Брена дојде кај нас за да провери дали е вистина“, рече сопственикот на пекарницата.
За време на интервјуто, тој се осврна и на спецификите на американскиот пазар, нагласувајќи дека купувачите од балканската дијаспора најчесто избираат традиционални производи, што му овозможува да пласира автентични вкусови и рецепти. Особено ја нагласи големата побарувачка за производи како што се бурек и пити.
View this post on Instagram
Инаку, Лепа Брена има статус на икона во Србија, а локалните медиуми потсетуваат дека во Нови Сад, на пример, пејачката има киоск на кој се продава пљескавица, додека згради што го носат нејзиното име можат да се видат низ целата земја.
Едно време, куклите со нејзиниот лик исто така добија голема популарност и беа вистински хит меѓу обожавателите. Денес, овие кукли се повеќе носталгичен сувенир, но сè уште можат да се најдат на веб-страници за продажба на половни работи, по цени што достигнуваат и до 9.000 динари.
фото: printcsreen/instgaram