За ТВ водителката Милена Антовска Станковска месец јануари отсекогаш бил возбудлив месец, а ова дополнително се интензивираше кога пред три години ја роди и ќеркичката Јоана. Период за славење родендени и добивање многу внимание и секако подароци.
Ако деновиве пишувавме за слаткиот букет цвеќе направен од рачињата на првата ќерка Лана Марија и за големата радост на мама Милена, денес за роденденското изненадување од сосема друга димензија кое го доби од сопругот Гордан.
Имено, Милена славеше роденден во еден скопски локал, кога во еден момент и беше кажано да излезе надвор за да го види подарокот кој ја чека пред врата.
А таму, ни помалку ни повеќе туку модерно теренско возило со панделка или народски кажано, црвен џип како подарок од сопругот.
Шокирана, возбудена, со ред солзи, ред гласно смеење, Милена не ни насети за она што виде дека е нејзино.
-Не ми е добро, имам тахикардија, кажа во еден момент избезумена од приреденото роденденско изненадување за кое заслугите ги доби сопругот.
Епа, со здравје да се вози и најсреќен роденден!
фото:Instagram printcgreen/gordanstankovski