Радио Милева искрено позираше

„Ме познаваат по насмевката и гласот“: Милена Антовска од срце им се обрати на своите фанови со нови фотографии

„Ме познаваат по насмевката и гласот“: Милена Антовска од срце им се обрати на своите фанови со нови фотографии

Македонската водителка на утринската програма „Здраво Македонијо“,  Милена Антовска, секојдневно позира пред камерата, дотерана и стокмена од глава до петици, но овој пат се фотографираше од срце, специјално  за нејзините обожаватели.

Таа секогаш знае да изненади со некој провокативен момент на себе, а овој пат во фокус беше нејзината насмевка по која таа е препознатлива за јавноста.  Секако, таа го презентираше и целосниот нејзин изглед пред следбениците на Инстаграм и се сними во тесен, зелен фустан со шлицот до препони.

Милена во описот на фотографиите oткри дека позира за сите кои ја обожаваат:  „Многу често ме препознаваат по насмевката и по гласот… Еве една насмевка од срце за сите вас драги мои – напиша таа.

Потоа сподели и кратко видео на кое позира и инспирира со нејзиниот изглед во специјалното издание кое го одбра за оваа пригода.

 

Foto: printscreen/instagram/milena_antovska

To top