Радио Милева по патот на љубовта

Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа имаат убав повод за славење, а тој јавно ја возвиши: „Принцезата моја“ (фото)

Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа имаат убав повод за славење, а тој јавно ја возвиши: „Принцезата моја“ (фото)

Гитаристиот на „Некст тајм“, Мартин Филиповски пред речиси една година „рипна во тевче“ и си ветија љубов со саканата Андреа, сега имаат убав повод за здравица, особено нивна, заедничка, по онаа неодамна за празникот Младенци.

Имено, за Мартин и Андра месец март е оној кога ја отпочнаа љубовнатa романса која лани ја крунисаа и со брак.

Па така, по повод деветгодишнината од времето кога се заедно, Mартин убавиот повод и ден го објави јавно и ја возвиши сопругата која ја нарече принцеза.

-9 години со принцезата моја, напиша кусо тој објавувајќи фотографија од свадбената веселба.

За потсетување, по осум години врска Мартин ја побара раката на Андреа во септември 2022 година и тоа на неговиот роденден. Тие претходно ја одржуваа врската на далечина поради професионалните ангажмани на ракометарката во странство, а сега живеат во стан во скопската населба Ново Лисиче.

Им посакуваме многу вакви прослави, годишнини и секако мултиплицирана љубов!

фото: Instagram printscreen/ martin_filipovski

To top