Како зрее во поискусна млада дама, девојка пред која стојат уште многу животни предизвици, оваа позната кумановка секојдневно изненадува од тоа во што се преобразува визуелно.
Младата пејачка Мартија Станојковиќ постојано ги воодушевува своите следбеници на социјалните мрежи преку нејзините разновидни модни комбинации кои ги следат трендовите. Оние што и прилегаат на возраста, конситуцијата, енергијата, сензибилитетот, па дури и оние во кои храбро се труди да се пронајде.
А кога Мартија ќе се стокми во посакуваната комбинација неодоливо зрачи со сексапил и еротска елеганиција. Без оглед дали е приватно по дома, некаде онака неврзано излезена на кафе или на настапите…
Така беше и овој пат кога Мартија одново се појави никогаш повозбудлива, провокативна, сексапилна, а за тоа виновен е само тој, црн фустан во едноставен, но ултра впечатлив крој. Истакнат струк и „долно“ деколте, отворено од долната страна кај градите, пресек кој погледите ги лепи како магнет.
А таа, така вешта позерка од секој кадар кој ја бранува машката фантазија…
Последните фотки на Мартија се чиста модна 10-ка, а таа навидум излезена од модно спиание.
Фото: Инстаграм/martijastanojkovic