Полицијата во Нов Белград го уапсила Марко Миљковиќ синоќа на 13 мај, а по наредба на Третото основно јавно обвинителство му е одредена мерка притвор до 48 часа, дознава Телеграф.рс.
Како што објавија тамошните медиуми, Марко најпрвин влегол во конфликт со соседот, а потоа навредувал, се заканувал, па дури и се обидел да удри полицаец.
– По наредба на Третото основно јавно обвинителство Белград, полициски службеници на ПС Нови Београд донеле решение за приведување на М.М. (роден 1983 година) за кривично дело Попречување службено лице во вршење на службена должност од член 23 од Законот за јавен ред и мир. Пријавениот под дејство на алкохол најпрвин го нарушил јавниот ред и мир во зградата каде што живее на Бежанијска коса, по што во просториите на ПС Нови Београд, пријавениот им се заканувал и навредувал полициски службеници, непочитувајќи ги нивните наредби, по што се обидел физички да се нафрли врз полициски службеник. Јавниот обвинител ќе го сослуша обвинетиот на 15 мај 2024 година – велат од Третото основно јавно обвинителство.
Како што се дознава, се работи за потенцијална казна затвор од 6 месеци до две години, дознава Телеграф, а се работи за кривично дело „Попречување на службено лице во вршење на службена должност“.
– Да не се случеше тоа, немаше ни да размислуваме за затвор, бидејќи нарушувањето на јавниот ред и мир е прекршок, а не кривично дело и за тоа сигурно ќе добие одредена парична казна. Меѓутоа, напад на службено лице е нешто сосема друго и има причина да се грижиме – вели изворот на Телеграф.
Олеснителна околност може да биде тоа што Марко претходно не бил осудуван.
– Ако претходно не бил осудуван, сигурно е дека ќе избегне затворска казна, но тоа е до судијата, ништо не е сигурно – изјавил соговорникот.
фото: printskrin/instagram/marko.miljkovic