Пејачката Марина Висковиќ важи за една од оние чије тело е од складно- поскладно. Особено штом се соблече во бикини, додека мажите се ѕверат во нејзините позамашни облини, жените ги коментираат нејзините стомачни! Плочки можеби и баш нема, ама се гледа дека пејачката некаде вежба.
View this post on Instagram
Токму таа ги воодушеви, но во исто време и ги шокираше своите Инстаграм следбеници со новите фотографии.
Имено, фолкерка се сликаше себеси во огледалото во теретана додека позираше покрај справите за вежбање. Со оглед на тоа што многу внимава на својот изглед и дека редовно тренира, оваа фотосесија не би било ни најмалку чудна доколку пејачката не дојде во теретаната облечена како за на настап.

Таа дојде на вежбање во тесен, краток црн фустан со длабоко деколте на градите, качена на сандали високи потпетици. Покрај сето тоа, лицето го покри со црни очила за сонце, па на прв поглед малкумина ја препознаа, но нема сомнение дека предизвика доста возбуда кога се појави во вакво издание во теретана.
View this post on Instagram
Дали навистина дојде да вежба или само да се слика, за да покаже што се може дури и на штикли дамата, знае само таа самата! Друго прашање е што со тоа сакаше да докаже?
Фото: Инстаграм/marina_viskovic_official





