Пејачката Марија Шерифовиќ сакала да ја среди линијата поради снимањето спотови, но со тоа си го загрозила здравјето.
– Бев на исклучително строга диета 22 дена пред почетокот на снимањето на видеото. На ред дојде првиот спот што јас и Матија Цвек го снимавме за песната „Пола сунца“, а потоа нашите пријатели го испратија кетерингот и имаат многу добри закуски – изјави тогаш Марија во емисијата „Блиц дан“, и продолжи:
View this post on Instagram
-Изедов едно, стигнав дома, а утредента снимав спот за песната „Иди док те волим“. Заспав некаде околу 23 часот, а околу еден по полноќ ме разбудија страшни болки во стомакот. Исфрлив и се’ што оди со тоа, отидов на ноќна дежура, добро сите знаеме за што се работи. И тогаш заспав само околу три ипол. Меѓутоа, во текот на ноќта се разбудив и бев бледа како партал. Ми донесоа инфузија, клометол… Не знам ни што ми направија, тоа беше можеби еден од најтешките денови во мојот живот. Мислев дека нема да преживеам – заклучи Шерифовиќ.
фото:Instagram printscreen/
View this post on Instagram