Пејачката Марија Шерифовиќ е од Крагуевац, а на 25 мај (сабота) го одржа својот прв солистички концерт во родниот град. Таа отпатувала со својот наследник Марио, а во еден момент се расплакала додека им пеела на своите сограѓани.
– Еве ме во Крагуевац дома со Марио, само ручавме, секако некакво печење Сега е околу седум часот, одам да одморам малку. Поздрав од Крагуевац – порача таа во својот блог. Следниот ден Марија се подготвувала за концертот, а на самиот почеток одржала емотивен говор.
– За почеток, драги мои Крагуевчани и останатите кои се чувствувате така, добра вечер. Пред 20 години храбро се спакував со желба да одам некаде и да бидам најдобра. Сум пеела во Крагуевац можеби двапати досега, не знам ни како се случи да се одржат убав солистички концерт дваесет години – изјави Марија, а како изгледаше сето тоа погледнете во видеото подолу.
фото: printskrin/instagram/youtube