Единствената српска победничка на „Евровизија“ има полно срце со нејзиниот наследник, додека неговите видеа често ги споделува со своите фанови.
Марија Шерифовиќ не крие колку е горда на својот син Марио, кој неодамна наполни една година. Таа речиси секој ден споделува клипови од дома, а сега еден стана вирален за кратко време.
Малиот Марио, кој се роди во клиника во Лос Анџелес на 2 декември 2023 година, сега опширно го истражува светот околу него, а видеото во кое неуморно лази по станот ги воодушеви нејзините следбеници.
Видео плејер
00:00
00:00
Момчето многу лази, а гордата мама сподели видео на кое можеме да видиме дека е доста брз, а во станот тешко може да го улови.
фото: printscreen/instgaram/serifovic