Таа важи за една од најмладите, но и најубавите дами на македонската политичка сцена. Иако млада по години, поседува богато работно искуство во правната и политичката сфера, во град Скопје и Владата на Република Македонија, чиј актуелен портпарол е од самото формирање на новата владина гарнитура, позиција која и претходно ја имаше како последна во нејзината матична партија ВМРО-ДПМНЕ.
По професија е дипломиран правник, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, – Правен факултет Јустинијан Први, со магистратура по деловно право и положен правосуден испит и бројни доедукации во делот на неформалното образование.
Како успешна жена го прави тоа што вистински го сака, во што верува и за што се бори.
Неретко ги ги истакнува вредностите како интегритет и професионализам, кои ги смета за клучни во секојдневното работење и социјалниот ангажман. Принципиелна, чесна и праведна, таа целосно е посветена на политиката и нејзиното подобрување во служба на народот.
Никогаш не се откажува лесно од ниту еден предизвик и самата вели дека упорноста е нејзина силна страна, додека најсилен дел од карактерот ѝ се лојалноста и дисциплината.
За тоа како несудена пејачка не завршила на естрадата туку во политиката, за жените во неа, за сопствените откажувања и компромиси, за задоволствата надвор од работата, за вежбањето, исхраната и патувањата, за сопствениот стил, имиџ и аутфит, за домот и семејството, за вештините во кујната, идните планови и можни дострели во кариерата, за визијата за себе и Македонија, за детството, Дедо Мраз, желбите и Новата Година… За’ се што другите не знаеле, не можеле или не смееле да ја прашаат, ја прашавме ние.
За сите повеќе, помалку или сосема непознати нешта за неа, зборуваше портпаролот на Владата на Република Македонија и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева во поткастот со Антонио Димитриевски.
Затоа, ако веќе сте го погледнале, сторете го тоа уште еднаш зашто „повторувањето е мајка на знаењето“… Ако пак не сте го погледнале, не пропуштајте ја оваа можност тоа да го сторите во видеото во продолжение. Зашто на ниту едно друго место нема да слушнете ништо слично како во интер ток шоуто „Ништо лично“ чија премиера оди секоја среда од 20 часот на YouTube каналот на курирМК (Kurir – YouTube)