Радио Милева штета без последици...

Марија Луиса Тодоровска сепак не била во колата, сообраќајката се случила само што слегла од неа (ФОТО)

Марија Луиса Тодоровска сепак не била во колата, сообраќајката се случила само што слегла од неа (ФОТО)

Откако најпрвин самата сподели видео и фотографии на својот Инстаграм, а ние  објавивме дека изминатиов викенд  македонскат пејачка Марија Луиса Тодоровска доживеала тешка сообраќајна несреќа, во која за среќа има само полесно повредени, но автомобилот е прилично уништен, веднаш се обидовме да ја побараме.

Во прв момент пејачката не одговори на нашите пораки, а ние ја објавивме веста за сообраќајната несреќа во која според објавеното на нејзиниот Инстаграм профил  навидум се’ наликуваше дека во незгодата учествувала и таа самата.

Во меѓувреме успеавме да ја исконтактираме Марија Луиса Тодоровска која штом се разбуди веднаш одговори на нашиот повик и од прва рака раскажа што се случило.

„Одевме за Гевгелија… Требаше да пејам на ергенска вечер и само што ме остави назад на враќање пред гевгелиската патарина некој Голф 5-ка нагло закочил пред неа и се вкопал во место. За да го избегне и не удри во него не знаејќи дали има деца во автомобилот, Тамара нагло завртела, но не успеала да закочи до крај и завршила во банкината“ – изјави Марија Луиса, која порача дека нејзината другарка е добро и се опоравува од шокот и траумата.

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska

To top