Радио Милева двојничка...

Марија Луиса Тодоровска можеби се’ уште не е мажена и нема дете, ама затоа има свој… клон! (ВИДЕО)

Марија Луиса Тодоровска можеби се’ уште не е мажена и нема дете, ама затоа има свој… клон! (ВИДЕО)

Откако по толку години занимавање со естрада, македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска ја завери кариерата со „Печат во срцето“ – првата сопствена песна, тргна во промоција на истата. До душа радоста за првенчето и не ја поделија сите со неа, особено разочараа некои од најблиските другарки и колешки, ама тоа Марија не ја поколеба – напротив. Само ја мотивираше да расчисти со некои работи. А секоја нова одлука сексапилната битолчанка најчесто јавно  ја заверува со нова порака, па така и оваа… За да и биде полесно и… убаво!

И кога веќе решила да расчистува со сегашноста, оставајќи ја во минатотото, време е да размислува и за иднината!

Бидермаерот по туѓи свадби се скапа фаќајќи го, неретко се фаќа на истите и за микрофонот, ама никако да го фати вистинскиот, па да запее и на сопствената?!  А годините си летаат…

Марија Луиса Тодоровска можеби се’ уште не е мажена и нема дете, ама затоа има куче… И свој клон!

Своја фотокопија, која барем во физикусот апсолутно наликува на неа. „Copy – Paste“, како да е пресликана, небаре ги правел ист татко и родила иста мајка… Како да и е сестра – близначка,  зашто девојката апсолутно наликува на неа. Ако Марија Луиса е една, оваа слободно може да биде Тамара Контеса.

Шегата настрана, физичката сличност помеѓу пејачката и другата девојка е толку голема што е запрепастувачки е неверојатна… Или пак оваа и е навистина сестра, без да знае… јавноста!? Трето нема!

Дека не се само „исти“ во ликот, туку во многу што наликуваат и во ставата покажуваат заедничките фотографии на двете русокоси убавици. Арно ама по се изгледа воопшто не се разликуваат и во карактерните особини и табиетот.

Барем така се чини од приложеното видео, од кое се гледа дека обете се подеднакво „откачени“. Само што другата не пее. Не барем јавно! Она под туш не се брои!  Е сега дали им се исти вкусовите, афинитетите, потребите и  останатите навики… знаат само двете убавици!

И покрај тоа Тамара како да е клонирана Марија, па затоа по потреба, слободно може да и биде замена… Двојничка, ако затреба!

Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska

 

To top