Стана некрунисана „фолк кралица на бакшишот“ без ниту една снимена песна во кариерата, ама откако ја сними првата сфати кој се околу неа би сакал да и падне круната! Вака некако може да се опише реакцијата на битолската фолкерка со скопска сдреса на престој, Марија Луиса Тодоровска, која неодамна го издаде своето музичко првенче, песната и видеоспотот насловени „Печат во срцето“!
Арно ама наместо печат по се изгледа дека повеќе „ја пече во срцето“, откако по излегувањето на песната заклучи дека околу неа не е се’ така розово како што изгледа. Дека сите баш и не и се радуваат на оствареното, напротив… Многумина со љубомора и завист гледаат на нејзината „прва радост“ која толку долго Марија ја чекаше.
Жива среќна дека нејзините блиски пријател(к)и најмногу ќе и се израдуваат на успехот, со толку многу страст и љубов ја најавуваше песната, која по нејзиното излегување и донесе неочекувано разочарување. И тоа најмалку од приемот кај публиката или зборовите на критиката – напротив, од оние на кои најмногу се надеваше дека ќе и се израдуваат и ќе ја пофалат, а од нив најмалку очекуваше дека ќе ја разочараат!
Арно ама, „Што носи денот, не носи векот“ – велат, а на атрактивната пејачка и донесе само нова секирација и ново разочарување. Или можеби само повеќе „и ги отвори очите“, за да знае со кого има работа од тие што до тогаш ги сметала за свое најблиско опкружување?
„Вистинските пријател(к)и“ потфрлија, колегите премолчеа, а очигледно само малкумина и честитаа на марија за првата песна во кариерата! Не сите, се разбира, зашто омало и такви кои се израдуваа на нејзиното првенче, ама очигледно биле да се избројат „на една рака“!
Сето ова и пејачката не можела да им го премолчи, па и самата се насочи кон тоа јавно да си каже што и лежи на душа… Па кој ќе се препознае во нејзиниот статус, нека му стои! На Марија сега и е појасно на кого од блиските може да смета и во добро и во зло, чија пријателска љубов е искрена, а која е лажна и трула, со кого отсега треба да биде уште поблиска, кого слободно може да го „помножи со нула“!
Патем, Марија не заборави и да им се заблагодари на оние што не пропуштија прилика и честитаа за песната.
На оние другите, кои во животот пробуваат „да ја изгорат“, само кратко им порача, без оглед дали ќе им ја затвори устата или отвори за уште повеќе да зборат: „Палам цигара од огнот со кој пробуваат да ме изгорат“!
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska