Радио Милева забуна под тушот

Марија Луиса и другарка и’ Тамара – едно куче со две русокоси во иста куќа и три опции: Кој е овде „луд“, кој збунет, а кој (не) е нормален? (ВИДЕО)

Марија Луиса и другарка и’ Тамара – едно куче со две русокоси во иста куќа и три опции: Кој е овде „луд“, кој збунет, а кој (не) е нормален? (ВИДЕО)

Да не се социјалните мрежи не ќе знаевме кој е со кого, кој што прави, како се однесува… И уште илјада и една работа од приватноста на јавните фаци, кои до душа не го ставаат баш на увид сето она што им се случува, туку она што најмногу им одговара, ама сеедно. И тоа е доволно да видите кој е кој или во случајов која е која… и каква!

Пејачката Марија Луиса Тодоровска и нејзината другарка Тамара живеат заедно… Во ист стан, делат ист животен простор, иста бања, ист тоалет… За кревет не знаеме, веројатно наместо брачен, секоја има своја спална соба!

Ама затоа она што го делат покрај просторот и евентуално сметките, се и многу други практични нешта, кои може да се лични, а може и заеднички. Само што проблемот настанува кога ќе се „измешаат брзините“ и истите тие нешта секогаш не се враќаат на свое место, па при нивната практична примена може да дојде до одредена забуна. При тоа, тука не мислевме на  најдобриот, најверен и најинтимен пријател на пејачката – „Тоше“!

Така, еве ти ја Тамара како  лута истрчала од бањата држејќи в раце шишенце со шампон со која тукушто си ја измила косата и се истуширала по цело тело.

Навидум чиста хигиена, а всушност мошне смело, зашто без да загледа,  шампонот оставен во туш кабината, всушност бил оној со кој другарка и Марија го капе кучето!

„Па добро нормална ли си? Само што се измив со шампонов од кучето, зашто тој беше оставен во туш кабината. Па ова не е реално? Утре ќе почнам да лаам…!“ – ја  прашува лутата цимерка пејачката, која седната крај масата пак, пуши цигара, пие кафе и  умира од смеа!

Видеото Тамара го споделила на Инстаграм, а Марија го презела па допишала: „Русокоса е, ама не е глупава“!

Можеби само малку невнимателна, би рекле… Иако, ситуацијата, едно куче и две русокоси во иста куќа сама по себе наметнува три опции:  Кој е овде „луд“, кој збунет, а кој (не) е нормален?

Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska

 

 

To top