Лепа Лукиќ со децении опстојува на музичката сцена, а за нејзиниот глас и песни многумина тврдат дека се безвременски.
Голем успех во кариерата Лепа доживеала далечната 1965 година со песната „Od izvora dva putića“ , која многумина ја сметаат за нејзина лична карта.
Иако планира да се занимава со музика до крајот на животот, минатата година го одржа својот последен солистички концерт на кој присуствуваше многубројна публика и колеги кои беа воодушевени кога слушнаа колку години навистина има Лепа.
View this post on Instagram
Имено, пејачката е родена во 1940 година и има 85 години, а со својот глас може да се натпреварува со многу помлади колешки.
Лепа еднаш откри зошто има два датума на раѓање.
– Мајка ми ми кажа дека сум родена на 13 јануари во 15 до 12 часот навечер, но по неколку дена сум пријавена во селото, па во весниците сум наведена како да сум родена на 16 јануари. Не би сакала да бидам постара за тие неколку дена – изјавила пејачката.
Исто така, малкумина знаат дека вистинското име на пејачката е Лепава Мушовиќ.
фото:Instagram printscreen/lepa_lukic_official