Радио Милева први до трофејот

Македонците одлично поминаа во финалето на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“: Кире Науновски победи според Фејсбук гласањето

Македонците одлично поминаа во финалето на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“: Кире Науновски победи според Фејсбук гласањето

Вчеравечер, недела, 29 јуни 2025 година,  се одржа големото финале од десеттата сезона на музичкото талент шоу натпреварување за возрасни,  „Никогаш не е доцна“, во кое триумфираа тројцата најдобри пејачи.

Дванаесет талентирани ветерани се бореа за ласкавата титула победник на најемотивното шоу во регионот, а првиот го избра публиката преку Фејсбук.

Прв победник од деветтата сезона на „Никогаш не е доцна“ со најмногу гласови на Фејсбук е еден од македонските претставници, Кире Науновски од Свети Николе.

Tој победи со 28,6 проценти од поддршката на публиката или 12.126 гласови.

„Им се заблагодарувам на сите гледачи ширум светот кои гласаа за мене“ – рече победникот на Фејсбук, Кире Науновски, откако претставникот на жирито Енес Беговиќ му ја предаде статуетката.

Од дванаесетте кандидати што се натпреваруваа во големото финале  годинава, во популарното шоу беа прогласени тројца победници – според жирито, од Фејсбук гласовите и гласовите од телевоутингот по пат на СМС гласање.

Победничка со СМС гласовите беше Маријана Солдат Богојевиќ.

Мене ми е голема чест да ја доделам наградата за победникот според СМС гласовите. Од срце ѝ честитам на прекрасната Маријана“ – рече хрватската поп ѕвезда Алка Вуица која беше член на жирито во големото финале,  при  врачувањето на наградата на победничката.

„Им се заблагодарувам на сите што гласаа за мене како и на мојот град Мркоњиќ“ – гордо изјави Маријана.

Стручното жири во финалето го сочинуваа претседателот Саша Милошевиќ – Маре, Алка Вуица и Енес Беговиќ, како и 34 екс членови на жирито кои гласаа по пат на телефонска врска во живо и на тој начин го избраа победникот.

Победник на десеттата сезона од шоуто „Никогаш не е доцн“ според одлуката на стручното жири е Марко Јанковиќ Блек кој освои 204 гласа.

Вториот македонски претставник Зоран Рудан Цеки исто така имаше забележителен настап, и беше високо котиран во конечниот пласман иако не освои награда.

Исто така уште еден финалист кои има македонски корени, Мирослав Тодосовски Миро од Словенија, чиј татко е од Македонија имаше одлична изведба.

Претставниците на жирито Алка Вуица и Енес Беговиќ станаа додека тој пееше, а пејачката призна дека за малку што се расплакала за време на неговиот настап.

Заедничката фотографија на тројцата победници го означи крајот на јубилејната десетта сезона на ова, како што го нарекуваат, најемотивно регионално музичко натпреварување на возрасни таленти, со најава дека веќе од септември започнува новата, единаесетта сезона на „Никогаш не е доцна“.

Фото: Јутјуб принтскрин/Nikad nije kasno – Finale 2025

To top