Радио Милева човечка големина

Македонските естрадни ѕвезди од Белград ја покажаа својата хуманост: Александар Јосифовски ги понуди станот во Белград и куќата во Охрид за сместување, а Тијана Дапчевиќ и Елена Миленковска даруваа крв

Македонските естрадни ѕвезди од Белград ја покажаа својата хуманост: Александар Јосифовски ги понуди станот во Белград и куќата во Охрид за сместување, а Тијана Дапчевиќ и Елена Миленковска даруваа крв

Вчера, 20 март 2025 измина еден од најтажните денови во историјата на Македонија. Денот кога беа погребани младите жртви кои ги загубија животите за време на страшниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.

На денот на погребот се огласија бројни јавни и мноштво естрадни личности, речиси и да немаше некој од естрадната фела не само во Македонија туку и пошироко, кој не го изрази своето сочуство, тага, болка… за ненадоместливата загуба која ја задеси Македонија. 

Меѓу сите нив и финалистот на „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски, не можејќи со зборови да ја опише тагата и болката.

„Драги мои Македонци, мое искрено сочувство до сите семејства. Немам зборови да искажам колку е болно и тешко сето ова“, рече пејачот во своето видеообраќање, а потоа им понуди помош на семејствата на децата кои моментално се лекуваат во болниците од последиците од пожарот.

„Единствено што можам да кажам е дека сум сега во Белград, каде имам стан  и ако ви треба нешто, јас сум тука. Ако ви треба сместување во Белград побарајте ме, а имам и куќа во Охрид ако некому му треба таму да се смести. Не знам што да кажам освен да бидете силни и ако нешто ви треба слободно пишете ми“- порача Јосифовски.

Македонската пејачка со белградска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ вчера на најтажниот ден кога Македонија се збогуваше со својата загубена младост, исто така се огласи споделувајќи ја со јавноста својата тага, но и понудената помош во вид на дараување крв.

„Најцрниот ден откако постои нашата земја. Црнила што нема да исчезне ниту за една деценија. Денеска се збогувам со моите пријатели, денеска се збогувам со 50 деца“ – рече таа и апелираше до сите граѓани кои се во можност да им помогнат на децата повредени во пожарот кои се наоѓаат во белградските болници и болниците низ Србија.

„Ужасно тажен ден е денеска, штотуку дојдов од Институтот за трансфузија на крв во Белград каде дарував крв за повредените во пожарот во Кочани. Луѓето од Институтот ме замолија да упатам апел и да кажам дека сега има доволно крв, за две до три недели, што значи дека пред Велигден треба да одите и да дарувате крв доколку сте во можност“ – порача Тијана.

Уште еден естраден уметник, уште една Македонка која сега живее и работи во Белград, младата „Ѕвезда на Гранд“, скопјанката Елена Миленковска во приказните на својот Инстаграм профил обзанани дека својот придонес во вид на помош за настраданите во пожарот  Кочани го дала со дарување на крв.

Таа како и постарата колешка Тијана дарувашe крв во Институтот за трансфузија во Белград, и при тоа упати порака со апел:

„Денес бев во Институтот за трансфузиологија за да дарувам крв за сите настрадани деца во Кочани, кои се на лечење во Белград. Беше голема гужва и чекав повеќе од два часа во ред,  браво за сите  луѓе кои дојдоа.

Она што сакам да го споделам со вас, нам тамо ни беше кажано да доаѓате секој ден кој кога може, а најмногу крв ќе биде потребна околу 1-ви Мај, и пред Велигден. Повредените ќе бидат подложени на повеќе операции па би било супер кој може тогаш да дарува крв, зашто тогаш ќе има нјмалку дарувања за ради патувањата и празниците“ – споделила Елена.

Фото: Инстаграм/alexandarjosifovski/tijana.dapcevic/elenamilenkovskaa

To top