Го паметите ли чикашкиот камионџија со американска „драјв лиценца“ и македонски пасош, кој од нигде никаде преку ноќ изникна во македонската јавност и преку социјалните мрежи стана популарна фаца, прераснувајќи во еден од најпознатите инстаграмџии. Дарко Јефремов, познат како Дарко Влогс најпрвин „влезе во медиумска војна“ со Зоки -Фаци, па со Боки 13-ка, па подоцна ги „закопаа воените секири“.
Потоа удри по останатите познати јавни лица, кои имаат ем своја професија, ем се декларираат за познати инфлуенсер(к)и.
Потоа почна да споделува разни хумористични клипчиња, кои ги засмејуваа неговите следбеници…
View this post on Instagram
Неретко правејќи смешки на и своја сметка, во кои или самиот беше „жртва“ или „подебелиот крај“ ќе го извлечеше неговата „понежна половина“!
View this post on Instagram
А се покажа и како голем хуманитарец подарувајчи од новогодишни пакетчиња и играчки, до прехрамбени производи на поединци од ранливите категории… Со други зборови, бргу стана Интернет атракција со очигледна имагинација креативно да ги задева познатите и помага сиромашните, при тоа билдајќи ја сопствената популарност иако не е јавна личност.
Како да е еден вид современ, „сајбер Дедо Мраз или Робин Худ“ од зад камионџискиот волан, кој има желба, доблест, храброст, елан… да помага или да го подарува она до што доаѓа или го добива како производи од таканаречените „спонзори“ за кои се тепаат, според него, таканеречаните македонски „инфлуенсери“!
Во меѓувреме знаеше да покаже какви се марифети умее да подготви кога е готвењето во прашање, па рецептите за неговите гурмански специјалитети кај некои најдоа и практична примена.
View this post on Instagram
Кај нив, ама и кај него, па како минуваше времето, во ставата Дарко Влогс се’ повеќе почна да заличува на „вреќа за бокс“… Бумбар образи и гајда мев, да те фати грев… за чоекот!
Но, без оглед на тоа рејтингот му растеше и таман беше близу да му го пробие плафонот… Така како што се појави – одненадеж од зад воланот на камионот, така и „преку ноќ исчезна“ без збор од јавниот сајбер простор.
Но по некое време, кое не е баш и так малку, македонскиот Американец од камионџиската кабина и познат инстаграмџија, еве го назад повторно во акција. Арно ама Дарко Влогс сега е друг човек?! Физички, се разбира.Од бумбар образите и гајда мевот, нема ништо, вишокот стопен, а телото -вретено, небаре е некој спортист или манекен со изглед и става по која жените „губат глава“!
Колку за споредба и потсетување каов беше и каков е сега, Влогс споделил две фотографии од себе си гол до појас, една од пред некое време и една од денес. Разликата не само што е евидентна, туку е и фрапантна.
„Мавни лајк ако планираш да ојш теретана зимово, за да се спремаме за летото“? – прашува Дарко. „Добар е дечково, туку… Дарко кај е???“ – прашуваат шеговито неговите следбеници.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/darkovlogs