Мегафон наш гостин

Македонската радиоводителска и ДЈ-ска легенда Драган Б. Костиќ во „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски

Македонската радиоводителска и ДЈ-ска легенда Драган Б. Костиќ во „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски

Него нема  кој не го знае… Лично многумина, особено оние повозрасните, уште од времето на првите ДЈ-ски денови во диско „Турист“, а неговиот глас го препознаваат речиси сите генерации. Македонската радиоводителска легенда, човекот кој илјадници часови и пет децении зад радиомикрофонот ја забавуваше, информираше  едуцираше својата многубројна публика… И не престана да го прави тоа и сега, кога е во пензија.

Од „Радио урнебес“, преку „Диско селектор“,  и „Заборави ако можеш“,  па се’ до „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“… но и проектот чија приказна никогаш не беше до крај раскажана, зашто за „Сто приказни за сто песни“,  оние што требаше најмногу да ги слушнат, останаа намерно „глувионеми“ или за значењето на истиот, едноставно не беа ниту свесни?!

А тој остана еден од најголемите познавачи на светската музика, историјата на бендовите и пејачите, нивните песни, светските топ листи, сопственик на една од најголемите колекции плочи, човек кој целиот свој живот им го посвети на музиката и радиото, бардот на македонското радиоводителство, кој кон крајот на штотуку изминатата 2024-та година го одгра својот „Последен танц“… Оној – прошталниот ДЈ-ски по половина век естрадна кариера!

Фактички или само фиктивно – сеедно, но не го кажал и својот последен збор зашто како што самиот најави, сега време е да се впушти во оноа што најдобро го знае: радио емисии и пишување книги, уверен дека патиштата со неговата многубројна публика и натаму ќе им се среќаваат.

На првата кривина зад аголот, ние први го сретнавме во новата 2025-та година и го поканивме на гости… За да го раскаже она најважното низ што минувал, што се’ доживеал и преживеал, што се’ искреирал и од себе дал, па го споделил со своите радиослушатели, читатели, публиката на клубските подиуми…

Македонската  радиоводителска и ДЈ-ска легенда Драган Б. Костиќ пред микрофонот и камерите во поткастот со Антонио Димитриевски. Како и обично, на ниту едно друго место нема да слушнете ништо слично како во интер ток шоуто „НИШТО ЛИЧНО“…   

Премиерно во СРЕДА, 15 јануари 2025 во 20 часот на  YouTube каналот на  КурирМК (

 

To top