Радио Милева на крстопат...

Македонската пејачка дипломираше и доби признание за најдобар студент: Збогум на „Тајфата“ и музиката или Сара Сурлаџиоска сега е ем учена, ем згодна мачка, ем најхумана пејачка? (ФОТО)

Македонската пејачка дипломираше и доби признание за најдобар студент: Збогум на „Тајфата“ и музиката или Сара Сурлаџиоска сега е ем учена, ем згодна мачка, ем најхумана пејачка? (ФОТО)

Македонската пејачка Сара Сурлаџиоска неодамна дипломираше и стана акдемски граѓанин. И тоа не било каков.

Имено Сара стана дипломирана медицинска сестра – акушерка, но покрај дипломата оваа зеленоока убавица ја краси уште едно ласкаво признание и тоа прво во нејзината фела. Таа како првенец на својата генерација стана добитник на првото признание за најдобар студент медицинска сестра- акушерка кое во иднина ќе премине во традиција.

Признанието на Сара и беше врачено на Свечената академија по повод Меѓународната недела на сестринството, организирана од Унијата на ЗМСТАС, предводена од здружението ,,За нас’’.

Горда на себе, својата нова професија, дипломата и признанието, Сара Сурлаџиоска на социјалните мрежи преку фотографии сподели дел од атмосферата на овој свечен чин, на кој подоцна и самата се качи на сцената и запеа.

„Изминатиот петок по седми пат беше огранизирана Свечената академија по повод Меѓународната недела на сестринството организирана од Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението ,,За нас’’. Покрај признанијата за најхумани медицински сестри, од оваа година за прв пат беа доделувани и признанија за најдобар ученик од средните медицински училишта ширум земјава како и признание за најдобар студент.
Почестена сум што токму јас, сум добитник на првото признание за најдобар студент медицинска сестра- акушерка кое ќе премине во традиција.
Добиената награда се прослави со добра песна.
Благодарна сум што бев дел од манифестација каде присуствуваа најхуманите! ‘Ако спасиш еден живот, ти си херој, но доколку спасиш над сто, сигурно си медицинска сестра’ – споделила во постот покрај фотографиите, кој го завршила со познатиот цитат на Ф. Најтингел.

За потсетување, Сара Сурлаџиоска стана позната откако пред околу три години  ја однесе победата во македонското музичко талент шоу „Заблескај“ во кое наградата требаше да биде дует со Елена Ристеска, но до него никогаш не дојде!?

Сепак тоа не ја поколеба младата и талентирана прилепчанка да продолжи паралелно на два фронта: И како пејачка и како студент.

Во меѓувреме таа ќе и се придружи на  музичката група “Тајфата”  која започна заедно со Коки Јанков, некогашниот виолинист на дуото Дуле и Коки, па потоа продолжи да соработува со битолскиот пејач Димитар Андоновски, за конечно како нејзин женски вокал да се појави Сара.

Сега кога ги има академската диплома во едната, а микрофонот во другата рака, останува  самата да одлучи за што ќе се определи, на која ли животна станица ќе застане оваа распеана убавица?

Дали соочена со новиот животен предизвик е пред нов почеток, па ќе и каже збогум на „Тајфата“ и музиката или Сара Сурлаџиоска сега е ем учена, ем згодна мачка, ем најхумана македонска пејачка?

 

Фото: Инстаграм/surladzioska.sara

To top