Мегафон концерти

Македонската филхармонија ве кани на „Поврзување“

Македонската филхармонија ве кани на „Поврзување“

„Поврзување“ е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14-ти март со почеток во 20 часот. На програмата ќе бидат изведени, Интермецо од познатата опера на Џакомо Пучини, „Манон Леско“ (1892), Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“, најпознатото дело на шпанскиот композитор Хоакин Родриго (1901 – 1999) и Симфонија бр. 4, оп. 90,во А-дур, „Италијанска“ од германскиот композитор, пијанист и диригент Феликс Менделсон.

Диригент е маестра Бисера Чадловска, а како солист ќе настапи еден од најбараните гитаристи Рафаел Агире (Шпанија) на гитара.

To top