Маја Николиќ не престанува да ја изненадува јавноста, а овој пат реши да покаже како тренира – на трамболина.
Пејачката моментално ужива во Врњачка Бања, а бидејќи нема пристап до теретана, решила да се снајде.
Таа ја користела трамболината за утринскиот тренинг, иако не била соодветно облечена за тренингот.

Носеше краток розов фустан кој го покажуваше нејзиното деколте, и додека скокаше, постојано се креваше.
– Сега ќе видите како јас тренирам секое утро во Врњачка Бања – рече прво Маја, а потоа застана на трамболината.
Потоа таа почна да скока и да вреска од среќа, а сè беше придружено со песната „Болесна“.
View this post on Instagram
– Не чекам мотивација. Јас го правам тоа секое утро – напиша Маја под видеото на Инстаграм.
Пејачката неодамна откри дека ја пронашла љубовта на својот живот и се свршила, а потоа откри дека од плстика е направен прстенот што нејзиниот иден сопруг и го дал за да ја запроси.
Foto: Instagram/ majanikolic_official







