Радио Милева не знаела што ја чека

Маја Беровиќ проговори за здравствениот проблем: Пејачката се присети на болниот период кој и бил најтежок во животот (фото)

Маја Беровиќ проговори за здравствениот проблем: Пејачката се присети на болниот период кој и бил најтежок во животот (фото)

Музичката ѕвезда Маја Беровиќ проговори за најтешкиот период од нејзиниот живот.

Маја откри дека имала здравствен проблем по породувањето и дека морала да ја оперира ногата, додека деталите од операцијата сѐ уште не се соопштени во јавноста.

Како што вели, тој период и бил најболниот во животот.

-Кога бев во болница пред една година мислев „нема пат напред“. Тоа е единствениот момент во мојот живот кога мислев дека сè запира. Имаше многу неизвесност, не знаев што ме чека. Тогаш си реков дека не знам дали ќе биде „понатаму“ – со болка во гласот се присетила Маја Беровиќ.

Инаку, пејачката речиси две децении е вљубена во бизнисмен, со која пред две години го доби синот Лео. Нивната љубовна приказна започна уште кога Маја беше малолетна, кога беше на почетокот на својата музичка кариера, а таа љубов трае до денес.

– Имав 17 години кога го запознав. Уште како дете знаев дека ќе се омажам за првата личност што ја запознав и во која се заљубив. Го знаев тоа. Со Ален сме заедно 19 години – изјави Маја во емисијата на „Цеца шоу“ и додаде:

– Најважно е  другата половина да може да ве следи. Бев љубоморна жена на почетокот на врската, но тие бубачки брзо поминаа. Кога ќе запознаеш личност, знаеш со кого си имаш работа и дека нема потреба од тоа – изјави таа во споменатата емисија.

фото: printskrin/instgaram/mayaberovicofficial

To top