Пред неколку дена од Струмица почна да се испишува нова модна приказна насловена „MITROFF“ на чело со Љупка Митрова и Горан Митров. За гламурозниот настан раскажуваат не само струмичани, туку и сите оние модни ентузијасти кои дојдоа да видат и секако умеат да препознаат префинетата мода, гламур, софистицираност…
Љупка Митрова позната како дама која е страстен љубител на модата, сега најверојатно се чувствува своја на своето, пронајдена во вистинското и тоа во совршено тандемско надополнување со Горан.
На отворањето внимание беше посветено на секој детаљ, да биде со стил во секој сегмент. Па така, настанот го водеше една од најактуелните инфлуенсерски Миа Костова, а за комплетна атмосфера и звучно музичко надополнување, задолжена беше Викторија Лоба.
А кога гардеробатa и тоа не било каква, туку онаа што граничи со висока мода е фокусот на вечерта, тогаш се’ треба и беше во знакот на „MITROFF“.
Разбирливо, освен Љупка и Горан, под етикетата за која тие се репрезенти, беше и Викторија Лоба.
Пејачката на сцена носеше елегантна беж креација склуптурно моделирана, налик оние на Готје, инспирирана од долната облека и имплементирана во склад со модерното и современото.
Дека индивидуалноста предничи и секогаш е ставена на пиедестал од модниот и стилски субјективен печат, покажа и самата Љупка, лично, со сопствен пример кога ја облече истата креација во која ја видовме и Лоба.
Модниот спој Љупка- Лоба сигурно не беше случаен, туку намерен, да биде забележителен за оние кои ќе препознаат. Двете сензуални, сексапилни, заводливи и уникатни, но секоја на свој начин со своите физички квалитети и со едно јасно и тоа како видливо модно резиме дека „исто не секогаш е исто“!
фото:Instagram printscreen/ victorialoba/ ljupka_mitrova