Радио Милева игра на судбината

Љубовната приказна на Лионел Меси и неговата Антонела е како сценарио од романтичен филм (фото)

Љубовната приказна на Лионел Меси и неговата Антонела е како сценарио од романтичен филм (фото)

Славниот фудбалер и неговата сопруга Антонела Рокуцо важат за еден од најскладните двојки кои гледаат да бидат што подалеку од скандали.

Меси и неговата сопруга се запознале како деца преку нејзиниот брат, а познатиот фудбалер многу години подоцна призна дека често се дружел и се гледал со него само за да биде во друштво и на Антонела.

Од друга страна, оваа убавица му пишувала писма и целото нивно дружење било преслатко. Но, за жал, животот ги разделил кога семејството на Меси се преселило во Барселона поради неговата фудбалска кариера.

„Замислете да се преселите на нов континент со вашето семејство на 13 години и нивната иднина да зависи од вас. Тоа беше комплицирано време. Од една страна, беше спектакуларно да се дојде и да се игра во Барселона. Од друга страна, беше тешко да се остави сè зад себе: пријателите, остатокот од семејството, детството. Стигнавме во земја во која немав ништо. Почнав од нула“, изјави еднаш Меси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

И Антонела и Меси продолжиле со своите животи. Лионел стана еден од доминантните играчи на теренот, а Антонела се посветила на образованието и станала неодолива дама. Се запишала на стоматологија и стапила во емотивна врска со друг маж.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Но судбината имала поинаков план за нив. Повторно ги споила, и тоа поради трагичен настан. Имено, најдобриот пријател на Антонела починал во 2005 година, а поради таа несреќа таа паднала во депресија и престанала да оди на факултет. Меси тогаш дошол во Аргентина само поради неа, за да ѝ пружи поддршка да се извлече од тешката психичка состојба.

Во меѓувреме Антонела го оставила своето момче, а меѓу нив повторно се појавиле љубовни искри и му дала шанса. Тие долго време ја криеја својата емотивна врска, за конечно во 2009 година на сите да им откријат дека се сакаат. Судбоносното „да“ еден на друг си го кажаа на гламурозна венчавка во 2017 година, а круната на нивната љубов се тројца наследници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

„Ме остави, но барем не ме остави поради било кој, туку поради Меси“, изјави еднаш нејзиниот поранешен партнер.

фото: Instagram printscreen/ leomessi/ antonelaroccuzzo

To top