Љуба Перуќица има голема причина за славење, а деновиве постојано му е на ум моментот кој се случи на 9 ноември во 3 часот наутро, кога неговиот живот доби сосема нова смисла. На тој датум лани се роди синот на Љуба, Алексеј и оваа сабота ќе наполни една година, а пејачот и неговата сопруга Катарина Колозеус веќе го слават роденденот на своето единствено дете, додека главната забава на која ќе ги поканат колегите ќе се одржи следната недела.
Тој беше еден од оние мажи кои сакаат да присуствуваат на породувањето на сопругата и се гордее со фактот што и во ие мигови беше покрај Катарина. Пејачот успеа да биде присутен во текот на целото пораѓање, па дури и да го овековечи тој најсреќен момент со својот фотоапарат.
„Успеав да го снимам моментот кога се роди. После 5 минути, всушност штом го средија, побарав да го земам во раце. Потоа плачев уште два часа. Ми рекоа да не плачам, но не можев… Тоа беше желба која стои со години и сега целото време го поминувам со него“ – изјави Љуба.
Да потсетиме, Перуќица неодамна откри за Гранд дека има уште една неостварена желба, а тоа е неговиот син Алексеј да добие сестра.
„Можам да кажам дека имам уште една желба, а тоа е мојот мал син да добие сестра. Сега, дур имам фатено залет“ – низ смеа рече Љуба.
Фото: Инстаграм/ljubaperucica