Поп- пејачот Влатко Лозаноски – Лозано кон крајот на месец април се здоби со повреда играјќи фудбал.
Тој ги загрижи своите фанови и следбеници кога сподели фотографија од повредената нога, а до неа патерици со кои ќе си помага се до закрепнување.

Лозано ќе мора неколку месеци да се стави на пауза од многу нешта, како приватно, така и професионално, зашто како што напиша и самиот, за опоравување и заздравување ќе му треба повеќе време.
Сега има како домашна така и медицинска нега која е постојана, а за истото покажа преку својот Инстаграм.
Овој пат Влатко објави дека е на третман, односно физикална терапија која најверојатно ќе треба да ја применува се до целосно заздравување, ако не и подоцна.
Но што е тука е, па така се’ она што беше претходно на агенда за реализација, веројатно трпи измени поради новонастанатата состојба.

Лозано е најаван како еден од гостите на претстојниот концерт на „Нокаут“ за утре (6-ти Мај), а дали ќе се појави на патерици и ќе ги испочитува колегите и публиката, иако е делумно спречен за изведба, останува да видиме дали ќе го направи истото.
фото:Instagram printscreen/vlatkolozanoski



