Радио Милева вонземјанин

Лоба најпосле допре до нови докумети, ама она што го виде ја разочара (фото)

Лоба најпосле допре до нови докумети, ама она што го виде ја разочара (фото)

Секој од нас се најде или се уште се наоѓа во лавиринтот наречен нови лични докумети, едни успеаја да излезат од истиот, додека други веројатно се уште во потрага на вистинскиот излез за барането и тоа не по сопствена волја.

Пејачката Викторија Лоба успеа да стигне до документи за кои поднесе барање и најпосле дојде денот да ги земе во рака. Сликањето во МВР не е онакво како во фото студио, па среќен си дури што си дошол на редот да седнеш на тоа столче. Уште пак ако те прашаат дали сакаш да погледнеш дали ти се допаѓа фотографијата, тогаш веројатно си меѓу привилегираните.

Сепак, вака или така, речиси да не постои таков што си се допаднал на крајната фотографија која стои во пасошот, личната карта или возачката дозвола. Некој ќе рече колку и да си убав, на оваа наменска фотографија тоа е невозможно. Дека има преседан од ова потврди Викторија Лоба, иако таа самата не би се согласила.

Лоба објави како таа изгледа на еден од нејзините нови документи, а на фотографијата таа руска убавина не успеа да ја распие ниту не така супериорниот објектив на управата.

Сепак, Лоба преку еден симбол беше кратка и јасна дека изгледа како вонземјанин.

Заклучокот е еден, Лоба за чудо остана убав и редок вонземјанин од ваквите документи, а за сите незадоволни, најдобро е со петиција да се бара воведување на некој филтер за освежување и разубавување, па да ти биде мерак да покажеш документ, секако за добро.

фото:Instagram printscreen/ ᐯIᑕTOᖇIᗩ ᒪOᗷᗩ/ Freepik

To top