Пејачката Дара Бубамара често е мета на критики поради своите фотографии на социјалните мрежи. Но, да не беше фотошопот, тогаш ќе се зборуваше за неа поради нејзините провокативни пози.
Сега Дара Бубамара позираше во бањата, облечена во тексас комбинација.
Прекратките шорцеви беа засенети од раскошното деколте на пејачката. Таа ја откопча кошулата, не носејќи ништо под неа, а нејзините бујни гради ја разгореа имагинацијата на многумина.

Да потсетиме дека Дара Бубамара парите што ги заработила на тезгите ги инвестирала навреме во недвижности, а до денес поседува четири стана.
Имено, Дара има луксузен имот во родниот Нови Сад, кој до ден денес е нејзина оаза на мирот, потоа во Белград на Дедиње, и два што ги издава под кирија, а како што неодамна беше објавено, сега планира да изгради куќа на Фрушка Гора.
фото: printscreen/instagram




