Радио Милева нема крај

Лила се извади од кожа по којзнае кој пат: Повторно на „стрес тест“ за паѓање „у несвест“!

Лила се извади од кожа по којзнае кој пат: Повторно на „стрес тест“ за паѓање „у несвест“!

Во популарното квиз-шоу „Се или нешто“, водителката Лила секогаш ги „држи конците“ во свои раце и покрај тоа што парите ги чува банкарот.

Арно ама, понекогаш нештата знаат да излезат од контрола, особено кога се скриени, на препад или ги прави некој што многу добро знае тоа да го изведе, особено зашто многу добро ја познава домаќинката.

Банкараот не е, но нејзиниот пријател, асистент и колега, презентерот на временската прогноза на Сител, Спасе – „Рола“, и тоа како умее да ја извади Лила од памет – по којзнае кој пат.

Спасе секогаш подготвен за шеги, но не и Лила која затечена од стресните напади на пријателот не може глава да крене, а од приреденото пак, на жената и треба шеќер и вода за да си дојде на себе.

Овој пат Рола вели дека и било за сефте на новата 15-та сезона, а таа откако инстиктивно и очекувано вресна, имаше да му каже само едно: „Ајде бе бегај више, па стварно!“, а тој слатко си се изнасмеа.

Рола ужива да  ја распамети Лила и никогаш не му е доста, а дали тоа нејзе ќе и преседне, па ќе премине на ново ниво, ќе си го бара чарето и методот за отштета, сигурно ќе видиме од некој следен „напад“.

Или едноставно, Спасе си е Спасе, а таа си го прифатила пријателот онаков каков што си е – духовит и секогаш расположен за шега плус.

фото:Instagram printscreen/lilafilipovska

To top