Најпознатата акедонска ТВ водителка Лила Филиповска очигледно „дома не се прибира“, па објави каде ужива во овие пролетни денови.
И додека и во Скопје температурите се зголемуваат и викендов ќе се искачат до речиси триесеттиот степен, Лила реши да одлета за Дубаи од каде се огласи на својот Инстаграм профил.
Таа објави неколку фотографии каде позира во црн едноделен костим за капење, кој прилично го открива онао со што најмногу водителката е телесно надарена.
Овој пат таа позираше во и покрај базенот закаотвена во еден од најскапите тамошни хотелски ресорти, како што самата го нарекува, новата икона на Дубаи. А, дека и тоа како знае да ужива во сиот тој луксуз, доказ се фотографиите од местото со поглед до милион долари.
Погледнете поубаво, па и Вие уживајте во погледот макар само на фотографија, иако е прашање дали оваа глетка или нејзината убавина и сексапил повеќе ќе ве омами, зашто Лила Филиповсака се’ уште има и тоа како што да понуди и со што да се пофали.
View this post on Instagram
Фото Инстаграм/lilafilipovska