Радио Милева „стриптиз“ пред лет

Лила не е само топ водителка туку е и една од најпознатите наши „светски патнички“, ама и „секси бељаџика“… по гаќички! (ВИДЕО)

Лила не е само топ водителка туку е и една од најпознатите наши „светски патнички“, ама и „секси бељаџика“… по гаќички! (ВИДЕО)

Лила Филиповска е на нова дестинација… Овој пат на релација Македонија – Далечниот Исток, или поточно Виетнам…  Скопје – Ханој, авионски, директно од „Се или нешто“, во нешто за неа ново, многу поегзотично, повозбудливо и поразлично од се ‘ каде што била досега!  И тоа не сама… Овој пат друштво и прави албанска пејачка од Македонија, попозната како Биг Мама!

А двете мами, една според статус, другата според прекар, во мини фустанчиња стокмени како два модела или манекенки, тргнале во ноќна прошетка на виетнамската престолнина. И тоа седнати на еден вид рикша, само што оваа никој не ја влече ниту турка, туку ја вртат педали, зашто е како велосипед со приколка однапред.

Телефоните в рака, па малку селфи малку поздрави и бакнежи, панорама на околината и понекој кадар од излозите на луксузните бутици на најреномираните светски марки за облека, обувки и аксесоари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

А се започна малку порано кога на Лила и беше соопштено дека има можност за лет на една далечна, егзотична дестинација. Платена прошетка или многу поверојатно авантура во функција на нова рекламна тура, за која водителката мораше набрзина да се подготви, спреми и спакува.

Аутфитотот за долги дистанци мора да биде комотен, удобен, мак, доволно топол, ама и повеќе од доволно атрактивен, зашто Лила не е било која.

Изборот паднал на брендирани зимски тренерки во бела боја, бел дуксер високи брендирани патики и маичка со интересен натпис: „Јас сум  бељаџика“ (I am a trouble maker)!  Нема што – смело,  а кај Лила се’ е бело!

Бело видовме во комплетниот аутфит, ама смело…? Но, за да не биде натписот попусто ставен, Лила се потруди истиот јавно да го потврди! И тоа со јавен „стриптиз“ пред лет!

Зашто додека го облекуваше долниот дел од тренерките, се виде нешто што ја заскокотка јавноста, особено онаа – машката!

Бело на витото тело, ама црно што ѕирка под белата маичка, беше нејзината… долна облека!

Колку да го оправда значењето на слоганот на маичката…  Дека Лила не е само топ водителка и една од најпознатите наши „светски патнички“, туку и „секси бељаџика“ со „стрииптиз“ пред лет во црни гаќички!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото: Инстаграм/lilafilipovska

To top