„Кога одиш на шопинг за твоите миленици, наместо за тебе, тогаш знаеш дека си вистински љубител на миленици“- вака Лила само делумно може да ја опише љубовта што ја чувствува кон животните.
Лето, сонце, одмор, плажа… време кога најдобро е да нема простор за мислачки, негативни и тажни мисли, а Лила откако веќе направи долга тура за тура низ европските летувалишта, редно време беше да се врати дома.

А таму ја чекаат кој ако не мачорите Рагнар и Мајло на кои и тоа како им недостасуваше нивната сопственичка…

Таа пак, кога се животните во прашање прелистувајќи низ социјалните мрежи се присети на жирафите Каспер и Тобого од скопската зоолошка кои за жал угинаа.
Тогобо, угина во јануари 2021-ва, Каспер во мај 2023, а и третата Флопи угина по само 6 месеци.

Скршени срца и тага во очите од спомен глетката од едно убаво време кое за жал стана само минато.
фото: Instagram printscreen/lilafilipovska







