Радио Милева Се гледаме на концерт...

Лидерот на „Меморија“ со јавна покана до колегите од онаа, „друга категорија“ од која и самиот е дел: Перо – Камиказа ги повика на концерт другарите од стаза (ФОТО)

Лидерот на „Меморија“ со јавна покана до колегите од онаа, „друга категорија“ од која и самиот е дел: Перо – Камиказа ги повика на концерт другарите од стаза (ФОТО)

Одбројувањето до големиот славенички концерт на „Меморија“ привршува, зашто до сабота, 16-ти ноември 2024, се бројат часови, а не денови. За најавениот аудио-визуелен концертен спектакл кој публикат желно го очекува, се прават последните подготовки… Бендот подотвен како никогаш досега, специјалните гости исто така, техниката полека се мобилизира, влегува во арената „Борис Трајковски“, членовите на групата ги даваат последните изјави и интервјуа во медиумите пред завесата да се крене… и шоуто да започне!

Социјалните мрежи разбирливо се простор за јавна комуникација, па лидерот на „Меморија“ ги искористи за јавна покана до колегите… Но, не до музичарите, туку до онаа „друга категорија“ од која и самиот е дел. Имено, Перо – Камиказа јавно ги повика  на концерт  другарите од стаза. Онаа за трчање, возење велосипед или мотор…

Зашто, како што е познао Петар Георгиевски покрај актерството и музиката, спортувањето му е повеќе од хоби… Стил на живот!

Трчањето маратони, во кои ги освоил некои од најголемите светски метрополи, а неретко оттаму носел и медали. Патиките да знаат да зборуваат, би имале многу тоа да раскажат, зашто истрчаните километри кријат исто толку приказни.  И од дома, во Македонија и секој нејзин маратон и од различни светски дестинации, кога  трчал далеку од својот дом.

Велосипедизмот на Камиказа му е втора љубов… Можеби на почетокот принудна, но подоцна незаменлива убавина, за нова радост и вратена насмевка, по сето претодно што со здравјето ќе му се случува.

Моторите му се и љубов и страст и превозно средство од дете. Оттогаш е верен на двете тркала… И за забава и заради потреба. Од првото „Пухче“ до последното „БМВ-е“. Затоа и колегите моторџии и оние со кои ги минуваат непрегледните друмови низ регионот и Европа, и оние од организираните од неколку мото клубови, добија покана на концертот да бидат гости. Меѓудругото и за нив ќе има посебно изненадување. Неофицијалната моторџиска химна во малку поинаква верзија, како дел од „женската журка“ на концертот.

Како изгледа неговиот Фејсбук статус и што се’ сподели и напиша Перо – Камиказа во својата јавна концертна покана во три дела до онаа, другата „негова фела“, проследете во продолжение:

фото: Фејсбук/Petar Georgievski – Kamikaza

To top