Мегафон сеќавање на легендата

„Летај галебе“ – концерт во МОБ во чест на големиот македонски композитор Кире Костов

„Летај галебе“ – концерт во МОБ  во чест на големиот македонски композитор Кире Костов

На 11 ноември од 20 часот во Македонската опера и балет (МОБ) ќе се одржи концерт во чест на легендарниот композитор Кире Костов насловен „Летај галебе“, објави „Баги комуникации“. На концертот ќе се пеат најголемите хитови на Костов, со голем оркестар.

Некои автори пишуваат хитови. Единствениот Кире Костов, напиша историја.
Во негова чест, на 11 ноември  бидете дел од незаборавното музичко патување, да ги слушнете неговите безвремени композиции.
Неговата музика е вткаена во нашите животи – во радоста и тагата, во љубовта и смеата, во солзите и разделбите. Повеќе од 700 песни, но уште повеќе неброени моменти што живеат преку неговите ноти.

Ова ќе биде вечер кога ќе оживеат неговите композиции и ќе се потсетиме колку е силно влијанието на неговата музика врз сите нас, затоа што – Музиката е живот а животот е музика!
На сцената ќе застанат голем број македонски музичари и негови блиски соработници – генерации обединети од и во неговата музика.
„Не пропуштајте вечер исполнета со благодарност и љубов кон маестро Кире Костов, заокружена со вечната „Летај галебе“.
Деталите ќе ги споделуваме во деновите што следат“ – порачуваат организаторите.
Влезници онлајн https://www.karti.com.mk/letaj-galebe-koncert-posveten-na… и во книжарниците на Литература.

To top