Радио Милева позитивна нула

Лепа Брена проговори за финансиите: „За еден концерт се потребни 300.000 евра“

Лепа Брена проговори за финансиите: „За еден концерт се потребни  300.000 евра“

Лепа Брена последните денови ги помина во Загреб, каде во разговор за медиумите прво објасни зошто не сакала да биде единствената рекордерка на најголемата сала во Хрватска.

Пејачката Лепа Брена во интервју за медиумите во Хрватска истакна зошто не сака да поставува нови рекорди, но и колку ќе и биде „подебела“ банкарската сметка по пет концерти во загрепската Арена.

– Искрено, мислам дека помина времето да се натпреварувам со некого или со себе. Мислам дека дојде време да уживам во целиот бизнис. Не бев свесна дека во 1985 година ќе пеам во Романија пред 60.000 луѓе. Дека пет години подоцна ќе пеам пред 120.000 луѓе во Софија на стадионот „Васил Левски“. Дека ќе слетам со хеликоптер. Мислев дека се само празни приказни. Исто така, не верував дека ќе направам пет филма за целиот Екс-ју простор. Имаше и кукла, прва со нечие оригинално лице. Во белградскиот синдикат пеев 31 концерт по ред. Таа во еден ден настапи три пати во Сплит. Конкуренцијата всушност не е на место за мене и моите години и не функционира некако. Тоа им го оставам на младите и нека поставуваат рекорди, а ние постарите да уживаме – рече Брена.

Пејачката откри и колку ќе и биде „подебела“ банкарската сметка по пет концерти во загрепската Арена.

– Никогаш не размислувам за заработка. Прашањето за обезбедување висококвалитетен концерт е многу скапо продукциско прашање денес. Едно е кога ќе излезеш со десет музичари без скапа продукција, танчери, музичари, костими… Времето на вакви настапи заврши. Денеска организацијата на секој концерт чини над 200.000, 300.000 евра. Размислувате дали сте инвестирале можеби 100.000 евра повеќе? За мене сега е поважно да и се оддолжам на мојата публика во Загреб. Можам да излезам и со позитивна нула. Сите вакви концерти, со скапа продукција и организација, ако направиш еден или два, на нула си. Можеби третиот или четвртиот концерт се тие што се исплатат, но мене тоа не ме интересира од  оваа позиција – заклучила Брена за хрватскиот „Стори“.

фото: printscreen/instgaram/lepabrenaa

To top